Дома Фудбал Германија Ковач се жали: Играчите не ме слушаа, доколку го правеа тоа ќе победевме

Ковач се жали: Играчите не ме слушаа, доколку го правеа тоа ќе победевме

Баерн Минхен повторно е во криза, а Нико Ковач се наоѓа пред отказ бидејќи неговиот тим не победил три натпревари во низа во Бундес лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После ремито со Фортуна (3:3) во 12-тото коло во германското првенство, Баерн Минхен зад лидерот Борусија Дортмунд заостанува девет бодови.

Пред натпреварот од Лигата на шампионите проти Бенфика поранешниот хрватски селектор го запрашаа што бил проблемот против Фортуна. Ковач се пожали дека играчите не ги следеле неговите насоки.

„Во натпреварот влеговме со јасен план, но…Мануел Ноер после натпреварот во соблекувалната кажа дека ќе победевме доколку играчите ме слушаа. Не ги спроведуваа моите идеи на теренот“, изјави Ковач.

„Билд“ после натпреварот објави дека дел од играчите во соблекувалната кренал побуна против Ковач.

„Разговарав со сите. Нашиот однос е многу добар и ми кажаа дека се е во ред“, заврши Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интересна изјава од Роналдо по испаѓањето од Мундијалот – ова никој не можеше да замисли дека ќе го каже

Кристијано Роналдо тешко го поднесе елиминирањето на Португалија од Светското првенство. П…