Дома Фудбал Англија Клоп јавно побара евтин и квалитетен стопер

Клоп јавно побара евтин и квалитетен стопер

Ливерпул синоќа запиша голема победа во дербито со Тотенхем (1:3) и конечно ја прекина долгата серија без примен гол.

Ливерпул оваа сезона има големи проблеми во одбраната бидејќи поради повреди долго време отсуствуваат Ван Дајк и Џо Гомез.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Синоќа поради повреда мораше да биде заменет и Жоел Матип, па во игра влезе младиот Филипс и играше во стоперската линија заедно со уште еден играч од средниот ред, Џордан Хендерсон.

После мечот Клоп потврди дека му е потребен стопер, но да биде квалитетен и евтин.

„Неверојатно е тоа што ни се случува. Мораме да најдеме нов стопер. Ако знаете некој што е евтин, а квалитетен, веднаш да ми пратите порака кој е“, рече Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Првото нерешено на Ливерпул сезонава не го стопли “Енфилд”

Ливерпул не успеа да го надгради успехот и релативно добрата игра против Вест Хем пред нек…