Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп категорично ги негираше тврдењата дека „црвените“ ќе паднат без дефанзивецот Вирџил ван Дајк.
Ван Дајк зарабвоти тешка повреда на коленото и ќе ја пропушти целата сезона, а за денешниот меч со Ајакс Клоп нема да може да смета и на Жоел Матип.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зошто треба да мислам дека другите играчи нема да се справат со ситуацијата? Очигледно сите сметаат дека ќе ни биде многу тешко, и јас треба да ви потврдам. Немам интерес да правам такво нешто. Ме интересира само иднината на Ливерпул и ќе видите во следните неколку недели како ќе биде“, изјави Клоп.
„Да, останавме без Вирџил и Матип, но сепак ќе се обидеме да победиме. Пред три недели сите тврдеа дека ќе доминираме, а сега сите тврдат дека нема да се бориме за ниту еден трофеј“, додаде Германецот.