Саднио Мане го напушти Ливерпул и го комплетираше трансферот во Баерн Минхен.
Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп имаше само убави зборови за Сенегалецот, кого го смета еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Во ваков момент треба да изразиме благодарност кон Садио и да ја потврдиме љубовта кон него. Тој го напушта Ливерпул како еден од најдобрите во клупската историја и точно е дека заминува кога е еден од најдобрите светски фудбалери“.
„Не треба да жалиме што го загубивме, туку да бидеме среќни дека го имавме изминатите сезони. Со головите и освоените трофеи тој си заслужи статус на легенда, Садио го направи овој тим подобар уште кога првпат стапна на теренот“, изјави Клоп.