Ливерпул вчера стигна до првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите.
После дебаклот против Наполи, пред своите навивачите „црвените“ го добија холандски Ајакс со 2:1. До победата стигнаа со голот на Матип во 89. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен случувањата на теренот интересно беше и на прес-конференцијата по овој натпревар. Тренерот на Ливерпул доби прашање од присутните новинари да ја коментира идејата на сопственикот на Челзи, Тод Боели.
Боели неодана излезе во јавност со предлог Премиер лигата да организира натпревар од типот на „Ол-Стар“, како во американскиот спорт. Клоп на ова се насмеа и објасни зошто е тешко тоа да се случи во Премиер лигата.
„ Навистина ли тоа го кажал? Супер, не траеше долго. Ако некогаш најдете слободен датум повикајте ме и мене. Заборава дека во американскиот спорт играчите имаат четири месеци одмор и така со задоволство го играат тоа во тој период. Што да кажам?
Изненаден сум, замислете ги играчите на Ливерпул, Евертон, Јунајтед…заедно. Интересно. Значи, стварно го кажал тоа?“, прокоментира со насмевка Клоп.
Ако судиме по изјавата и реакцијата на Клоп јасно е дека вакво нешто е тешко остварливо.
These comments from Jurgen Klopp have been getting a lot of attention… his full reaction here confirms he’s not a fan of Todd Boehly’s ‘North vs South’ all-star circus #LFC #CFC pic.twitter.com/oQsMRfMQ1K
— Kevin Palmer (@RealKevinPalmer) September 13, 2022