Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп по ремито со Севиља: Изгубивме, но и не изгубивме, освоивме бод

Клоп по ремито со Севиља: Изгубивме, но и не изгубивме, освоивме бод

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп немаше конкретен одговор зошто неговиот тим испушти предност од три гола на гостувањето во Севиља.

„Црвените“ за половина час имаа предност од 0:3 на „Рамон Санчез Писхуан“ и со тоа беа на чекор од победа и пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но во второто полувреме ја испуштија големата предност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Севиља за само девет минути намали на 2:3 преку Хисман Бен Једер, за во 90 минута со голот на Гвидо Пизаро да ги шокира Англичаните.

Одлично прво и не така добро второ полувреме. Престанавме да играме фудбал во вторите 45 минути. Во првиот дел бевме полни со самодоверба, додека во вториот дел често доцнеше целата формација. Станавме пасивни, премногу се повлековме. Изгубивме, но и не изгубивме, освоивме бод“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флик не го потценува едно од најпријатните изненадувања сезонава во ЛШ: Ќе бидат наш достоен ривал

Фудбалерите на Барселона во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите ќе играат прот…