Дома Фудбал Англија Клоп: Мечот со Наполи беше хорор, најлошиот откако сум јас тука

Клоп: Мечот со Наполи беше хорор, најлошиот откако сум јас тука

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше тешкиот пораз од Наполи во Лигата на шампиони (4:1) и истакна дека тоа е најлошиот меч откако е на клупата на „црвените“.

„Црвените“ ќе имаат шанса за поправен веќе утре, кога на „Енфилд“ гостува Ајакс во второто коло од Лигата на шампиони.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Го гледав мечот неколку пати, вистински хорор, Фудбалерите исто така го знаат тоа. Тоа беше најлошиот меч откако сум јас во клубот. Имавме неколку лоши гостувањата изминатите години, но имаше нешто добро, на овој меч немаше ништо“, истакна Клоп.

„Осум од 11-те фудбалери беа апсолутно под своето ниво, додека останатите тројца беа просечни. Сите треба да знаеме дека се започнува од поседот на топката, кога ја губиме тогаш почнуваат потешкотиите. Треба што побрзо да го вратиме балансот во тимот“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…