Дома Актуелно Клоп имаше што да му порача на својот наследник

Клоп имаше што да му порача на својот наследник

Tренерот на екипата на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека го радува фактот што Арне Слот би можел да го наследи на клупата на гигантот од „Енфилд“.

Холанѓанецот во последниот период се споменуваше како потенцијален наследник на Јирген Клоп на „Енфилд“ и работите се одвиваат навистина брзо. Слот вчера и потврди дека има преговори изразувајќи надеж дека двете страни ќе се договорат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешната прес-конференција во пресрет на натпреварот со Вест Хем, Клоп беше запрашан за тие зборови на тренерот на Феенорд.

„Не прочитав ништо, но ми кажаа дека Арне кажал нешто. Не сум вклучен во процесот. Ми се допаѓа како неговиот тим игра фудбал. Не го познавам, но тој е добар тренер и човек. Ако е тој среќен, јас сум повеќе од него“, истакна Клоп.

Имаше германскиот стратег и порака до него.

„Ова е најдобрата работа и најдобриот клуб во светот. Одлична работа, одличен тим. Фантастични луѓе“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…