Ливерпул оваа година после 30 години чекање конечно ќе стигне до титулата во Премиер лигата меѓутоа Јирген Клоп не сака тука да застане, па размислува и за нови засилувања.
Нападот на Ливерпул со Салах, Мане и Фирмино изгледа одлично, но Клоп нема адекватна замена. Поради тоа „црвените“ се во потрага по напаѓач, а според информациите на реномираниот „Билд“ на мета на Гермаенцот е Тимо Вернер од Лајпциг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот стрелец на Бундес лигата сака да напредува во кариерата и „Билд“ тврди дека е заинтересиран за трансфер на „Енфилд“. Меѓутоа се потенцира дека Клоп не размислува да го доведе Вернер во овој преоден рок, туку на лето.
Вернер оваа сезона освен што постигна 23 гола, запиша и 10 асистенции на 25 натпревари. Ливерпул за неговите услуги би можел да понуди 60 милиони евра.