Дома Фудбал Англија Клоп и неговите чудни методи: Професионален сурфер ќе работи со играчите на Ливерпул

Клоп и неговите чудни методи: Професионален сурфер ќе работи со играчите на Ливерпул

Јирген Клоп без сомневање е еден од најдобрите тренери во светот, а често пати Германецот знаел да се служи со чудни методи, така е и во овие подготвки на Ливерпул.

Менаџерот на европскиот шампион за новата сезона обезбедил на неговиот играчи да им помага – сурфер! Сонародникот на Клоп и еден од најдобрите сурфери Себастијан Штеднер ќе им помага на играчите на Ливерпул во делот како да реагираат во кризни ситуации.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Како еден сурфер може да помогне во фудбалот?

Штеднер многу добро знае како да реагира во кризни ситуации, тој подготвил мотивациони говори и ќе работи со фудбалерите на дишењето.

Ливерпул 30 години чека на титула во Премиер лигата, последен пат „црвените“ шампиони беа во 1990 година.

Кога во прашање е Штеднер тој е легенда во сурфањето на пред четири години ја доби најпрестижната сурферска награда за совладување на бран висок 21 мета. Останува да видиме дали тој ќе помогне на тимот на Клоп да стигне до својата цел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат фаворитот за наследник на Тен Хаг

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…