Ливерпул денеска со 1:4 славеше против Брентфорд, меѓутоа тренерот Јирген Клоп не може во целост да биде задоволен.
Имено Клоп е загрижен за ситуацијата на Куртис Џонс и Диого Жота кои се повредија на оваа средба и нивната ситуација не изгледа добро.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Емоциите се измешани бидејќи останавме без важни играчи се уште не знам колку се сериозни повредите, но ситуацијата не изгледа добро. Наскоро ќе знаеме за што точно се работи. Дури и Дарви почувствува нешто и не знам каква му е состојбата. Едноставно сезонава немаме среќа со повредите“, изјави Клоп.