Германскиот голман Лорис Кариус и следната сезона ќе биде прв избор во Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми.
Бившиот голман на Мајнц ја има целосната доверба на тренерот Јирген Клоп и покрај фактот што имаше катастрофални грешки во финалето од Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул беше во потрага по нов голман, но поради потпешкотии да дојде до основните трансфер мето, Облак од Атлетико и Алисон од Рома, реши да му даде уште една шанса на Кариус.
„100% е сигурно дека неговото претставување во финалето беше последица од ударот кој го доби. Не ме интересира што зборуваат сите останати, за мене Кариус е и понатаму прв голман“, потврди Клоп.