Фудбалерите на Ливерпул вечерва на свој терен ќе го играат реваншот против Шрусбери во 1/16 финалето од ФА Купот.
Ливерпул вечерва нема да настапи со своите најдобри играчи, Клоп одлучи поради тешкиот распоред да им даде одмор на своите првотимци. Германскиот стратег и претходно критикуваше дека англиските клубови имаат преголем број натпревари во сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очигледно дека на Ливерпул не му е толку важно дали ќе помине во наредната фаза, па вечерва на „Енфилд“ ќе играат резервите. Исто така на клупата нема да биде и Клоп. Екипата ќе ја води Нил Кричли кој е тренер на резервниот тим на клубот од „Енфилд“.
Клоп не сакаше првотимците да го прекинуваат одморот кој им го вети поради непланираниот натпревар (се игра реванш затоа што првиот заврши без победник 2:2). Клоп порача дека натпреварот ќе го гледа на својот лаптоп дома и ако има потреба ќе го побара Кричли.