Дома Фудбал Класата е вечна: Меси и дружината ја торпедираа Селта (ВИДЕО)

Класата е вечна: Меси и дружината ја торпедираа Селта (ВИДЕО)

Иван Ракитиќ го постигна последниот погодок за Барселона во торпедото над Селта во осминафиналето од Купот во Шпанија.

Каталонците со 5:0 на домашен терен го потврдија пласманот во следната фаза по одиграните 1:1 во првиот меч.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џорди Алба и Лионел Меси ги торпедираа гостите во само неколку минути од првото полувреме. Алба во 13. минута му асистираше на Меси за 1:0, а две минути подоцна Аргентинецот сервираше топка и за 2:0. Не минаа ниту 15 минути, а Меси ја возврати услугата и му асистираше на Алба за третиот погодок на мечот.

Само три минути подоцна, Луис Суарез погоди за 4:0 на полувреме.

Три минути пред крајот на мечот и Иван Ракитиќ се запиша во листата на стрелците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ангажира младинец на Тотенхем

Арсенал официјално го објави доведувањето на дефанзивецот од младинската репрезентација на…