Дома Фудбал Италија Кинезите ја купуваат и Парма!?

Кинезите ја купуваат и Парма!?

parma

Италијанските медуми пишуваат дека „млекарите“ наскоро би можеле да добијат нов претседател.

Сопственикот на фудбалскиот клуб Гранада и совластникот на НБА тимот, Минесота, Џианг Лижанг ќе биде именуван за прв човек на Парма, пренесуваат италијанските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во негова сопственост е 60% од клубот од минатата година, а сега ги стекна и сите услови да застане на чело на Парма.

Се очекува Лижанг да биде претставен како прв човек на Парма на 15 или 16 ноември.

Овој кинески милионер на управата и ги претставил своите амбиции за клбот кој е главен кандидат за враќање во Серија А.

Да потсетиме, Парма поради банкрот мораше да започне од нула. „Млекарите“ беа исфрлени во Серија Д, го променија името во Парма 1913, но благодарение на клупските легенди и градот веднаш тргна на враќање на старите патеки.

Оваа сезона се натпреваруваат во Серија Б и после 12 кола се наоѓаат на четвртата позиција со само еден бод заостанување зад лидерот Палермо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англиските новинари го избраа фудбалерот на сезоната во Премиер лигата

Фил Фоден е играч на сезоната во Премиер лигата во изборот на англиската асоцијација на но…