Тотенхем во најважниот момент од сезоната остана без првата ѕвезда, голгетерот Хари Кејн.
Според првите прогнози, повредата на Кејн е сериозна и се заканува да го оддалечи од терените цели два месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот, ако се обвистинат црните прогнози, може да го пропушти реваншот со Челзи во Лига купот, но и премиерлигашките мечеви со Фулам, Кристал Палас, Ватфорд, Њукасл и Лестер.
Поради тоа Тотенхем одлучи да ангажира напаѓач до крајот на преодниот рок, а најголема желба Марко Арнаутовиќ од Вест Хем.
Арнаутовиќ е на излезна врата од Вест Хем и беше многу блиску до трансфер во Шангај, но сега и Тотенхем се вклучи во трката за неговиот потпис.
Сепак, прашање е дали „спарси“ во овој момент се спремни да платат 40 милиони евра, колку што бара Вест Хем за слободата на Арнаутовиќ.