Како што пренесува шпанска Марка, голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, побарал од челниците на клубот да замине од екипата.
Главната причина за тоа е што Навас смета дека треба да биде прв голман, додека изборот на Зинедин Зидан е Тибо Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навас не сака уште една сезона да помине на клупата, па побарал да замине, а Реал наводно веќе бара негова замена.
Најголем интерес за Навас наводно покажал ПСЖ, кој веќе ги започнал преговорите за голманот на Реал Мадрид.
Кејлор Навас во Реал Мадрид дојде во 2014. година од Леванте, откако имаше одлични настапи за својата репрезентација на СП во Бразил.
Останува да видиме дали Зидан ќе ја промени својата одлука околу изборот на прв голман или ќе го пушти Навас да замине.