Играчот за врска на Јувентус и германски репрезентативец, сами Кедира би можел да ја напушти „старата дама“ на крајот на сезона бидејќи има неколку примамливи понуди од МЛС лигата.
Кедира игра одлично оваа сезона, стандарден е во тимот на Јувентус каде постигна три гола и запиша две асистенции, но на крајот на сезоната би можел да ја промени средината.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека за него силен интерес покажуваат ЛА Галакси, Њујорк Сити и Њујорк Ред Бул, па можно е да се реши од следната сезона да замине преку барата.
Германецот има договор со Јувентус до 2019 година, а „старата дама“ нема да се противи на неговото заминување.