Дома Фудбал Англија Карагер: Халанд нема да го подигне Сити на повисоко ниво

Карагер: Халанд нема да го подигне Сити на повисоко ниво

Поранешниот играч на Ливерпул и репрезентативец на Англија, Џејми Карагер смета дека Манчестер Сити нема да профитира многу од трансферот на Ерлинг Халанд.

Англискиот клуб вчера потврди дека постигнале договор со доведување на Халанд кој со Сити ќе потпише договор до 2027 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Секако дека ќе ги направи посилни, но јас на тоа гледам од друг агол. Халанд нема да го подигне Сити на повисоко ниво затоа што тие веќе освојуваат 96 до 100 бодови. Сити е во врвот, меѓу најдобрите во Европа во последните три-четири години. Доаѓањето на Халанд можеби ќе ја промени малку ситуацијата во важните натпревари. Во исто време Сити ќе изгуби еден креативен играч во тимот затоа што Халанд ќе мора да игра место него“, изјави Карагер.

Норвешкиот репрезентативец сезонава игра одличен фудбал и на 23 натпревари во Бундеслигата постигна 21 гол. Ќе потсетиме Сити за Халанд ќе плати 75 милиони евра колку што изнесуваше клазулата во неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Цел фудбалски свет зборува за прославата на голот на Мбапе против Дортмунд (Видео)

Килијан Мбапе конечно се врати на теренот и синоќа постигна гол во победата на Реал Мадрид…