Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон нема да го напушти клубот ова лето, пренесува новинарот Бен Џејкобс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Стивен Џерард тропнал на вратата на Хендерсон со предлог да му се придружи во саудискиот Ал Итифак, но актуелниот капитен на „Црвените“ го одбил предлогот.
Хендерсон работеше исклучително добро на паузата до подготовките, што може да се види на првите фотографии за време на тимскиот собир.
Физички изгледа беспрекорно, пристигна конкуренција во форма на Алексис Мекалистер и Доминик Собослај и сака да игра што повеќе.
Инаку, тој смета дека останувањето во Ливерпул ќе му ги подобри шансите да го носи дресот на репрезентацијата на Англија на Европското првенство во 2024 година.