Веројатно на светот не постои поскромен фудбалер од Нголо Канте.
Канте е познат како голем работник и на моменти делува како да неможе да за замори, а тивкиот карактер и скромноста на некој начин станаа негов заштитен знак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот е тип на играч кој секој тим сака да го има во своите редови. Одговорен и дисциплиниран, што значи дека тимот практично никогаш нема да го остави на цедило.
Така беше и во Супер купот и дуелот против Ливерпул. Иако не можел да оди во продолженијата некако собрал сили и му помогна на тимот до крајот на натпреварот. Тоа го потврди и Френк Лампард.
„После 105 миута, точно на полувремето во продолженијата ми кажа дека неговите нозе се мртви и дека не може повеќе да оди. После минута-две го видов како трчи полн спринт од прилика 50 метри за да освои топка.“ – изјави Лампард.
После тој натпревар, сцена со тажното лице на Канте го обиколи светот. Очигледно тешко му падна поразот од Ливерпул по изведувањето на пеналите.