Канада и Белгија одиграа одличен натпревар, кој на крај го добија Белгијанците со мининални 1:0.
Голманот на Белгија, Тибо Куртоа беше еден од најзаслужните за победата, со оглед дека во 11-та минута успеа да одбрани пенал.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Канада продолжи да игра и да создава шанси, па Белгија имаше среќа што немаше негатива. Во 44-та минута од првиот удар на гол Батчуаи постигна гол, кој на крајот се покажа како решавачки момент.
Во вториот дел Белгија искусно му ја препушти топката на противникот, спорадично се закануваше, а Канада не успеа да ги искористи своите шанси.