Првенството во Ла Лига заврши, а нов шампион е Реал Мадрид.
Шпанските медиуми сега ја анализираат сезоната, а посебно интересна е табелата која шпански АС ја пресмета без ВАР.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
АС пресмета како би изгледала табелата доколку ВАР собата не ги менуваше одлуките на главните судии.
Такви случаи имаше на 31. натпревар.
На врвот немаше да има промени и тоа е најважно, а најоштетен тим е Валенсија која заврши на деветото место, а без ВАР одлуките ќе беше на петтата позиција и ќе обезбедеше пласман во Европа.
