Реал Мадрид поминува низ лош период и нема победа на последните четири меча во Примера, па „Ел Класико“ е вистински момент тимот на Лопетеги да покаже дека е се уште жив.
Победа над најголемиот ривал би значело крај на кризата и конечна радост на навивачите кои се разочарани. Лопатеги е на голем испит и ако не го положи веќе од понеделник би можел да биде бивши.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме прашање е каков тим ќе изведе против Барса на „Камп Ноу“?
Карвахал сигирно ќе го пропушти големото дерби и на негово место би требало да биде Начо во стартниот тим. Добра вест за „кралевите“ е што Марсело најверојатно ќе биде спремен за игра.
Средниот ред ќе го сочинува стандардната тројка, Каземиро, Крос и Модриќ, десно ќе игра Бејл, напред Бензема, а кој ќе игра лево е најголемата дилема на Лопетеги.
Тоа би можел да биде Марко Асенсио или Иско, а не е исклучено на таа позиција да стартува Лукас Васкез.
Лопетеги едноставно мора да го направи вистинскиот избор, а за тоа му остануваат само уште два дена.