Рио Фердинанд пред неколку години одлучи да ја заврши својата играчка кариера која беше на завидно ниво, а најголемиот успех го оствари во дресот на Манчестер Јунајтед.
Сепак, покрај него, добро се сеќаваме на неговиот брат Антон кој се уште активно игра фудбал. Антон Фердинанд го паметиме по игрите во англиската Премиер лига, особено во дресот на Вест Хем, каде што дебитираше во далечната 2003. гдина.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Овој 33-годишен дефанзивец го напушти Вест Хем летото 2008. гдина и подоцна играше уште за Сандерленд и КПР, што се однесува на Премиер лигата. Многумина ги изненади кога 2013. година си замина во Бурсаспор на позајмица, а само неколку месеци подоцна потпиша за Анталијаспор.
Иако веќе некое време не слушнавме ништо за него, тој и понатаму е на сцената, а синоќа го запиша дебитанскиот настап за шкотскиот Сент Мирен во кој пристигна од Саутенд Јунајтед. На дебито му честиташе и постариот брат Рио.
Congrats to my brooo @anton_ferdinand making his @saintmirrenfc debut last night… clean sheet against @CelticFC ?? https://t.co/XvLp0DWsi2
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) September 15, 2018