Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани одбива да го продолжи договорот, па наскоро ќе има средба со раководството на „светците“, пренесува „Газета дело Спорт“.
Неговиот договор истекува во јуни 2020 година и веројатно во јануари или најдоцна на крајот на сезоната тој ќе сака да биде продаден. Кавани донесол ваква одлука бидејќи не сака повеќе да биде во сенка на двете најголеми ѕвезди, Неjмар и Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уругваецорт игра во Франција од 2013 година и во последниве години се етаблира како еден од најважните играчи во Париз. Во актуелната сезона одигра осум натпревари на кои постигна шест гола.
Интерес за него покажуваат Атлетико Мадрид, Наполи и неколку клубови од Премиер лигата.
Edinson Cavani has refused to extend his contract at PSG, despite starting negotiations months ago. (Source: Gazzetta dello Sport) pic.twitter.com/ZNjogJaPo6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 17, 2018