Дома Трансфер зона Кавани може да го замени Агуеро во Барселона

Кавани може да го замени Агуеро во Барселона

Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани, пренесува „Ел Насионал“.

34-годишниот напаѓач има договор со Јунајтед до крајот на сезоната и ќе биде слободен агент, па токму тоа е причината што е цел на интерес на каталонскиот гигант.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона е во потрага по напаѓач кој ќе може да го замени Агуеро, кој поради проблеми со срценето ќе мора да отсуствува подолго време.

Каталонците се надеваат дека може да го добијат Кавани во јануари за симболична сума.

Кавани беше на чекор од заминување од „Олд Трафорд“ ова лето, но сепак одлучи да остане. Меѓутоа, со доаѓањето на Кристиано Роналдо неговата минутажа значително ќе се намали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…