Напаѓачот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани е спремен да го напушти Париз и да се пресели во Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Атлетико Мадрид очекува ова лето да се раздели со Диего Коста и веќе ја започна потрагата по нов напаѓач, а прв избор на Симеоне е токму Кавани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јорганџиите“ веќе стапиле во контакт со агентите на Уругваецот и добиле зелено светло, но трансферот би се реализирал само доколку Диего Коста го напушти клубот ова лето.
Коста има голема плата, па се очекува ова лето да се пресели во кинеската Супер лига, а на негово место да дојде Кавани.
Уругваецот има уште една година од договорот со ПСЖ, но е спремен да ја промени средината уште ова лето.