Дома Останати Авто Мото Иџе во Италија го тестираше новиот Hyundai i30 N TCR

Иџе во Италија го тестираше новиот Hyundai i30 N TCR

Новиот модел Иџе го тестираше на патеката Нуволари во Италија. Овој настан се случи на покана на долгогодишниот светски шампион во ВТЦЦ натпреварувањето, италијанецот Габриеле Таргвини.

„Чест е да се добие покана и шанса да бидеш меѓу првите во светот за тестирање на светски признат и докажан фабрички тим. Посебно сум горд затоа што поканата е добиена директно од врвен возач како Таргвини, кој заедно со шефот на Хјундаи мотоспорт, господинот Андре Адамо одлучиле и јас да бидам дел од овој фантастичен настан на официлајниот тест на патеката Нуволари во Италија. Задоволен сум и поради фактот, што самиот тест помина одлично, дури и ги надмина моите очекувања. Условите на патеката не беа идеални, но брзината и умешноста да се справам уште во првите кругови со еден нов автмобил, ми помогнаа во реализацијата“.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


„Морам да нагласам дека успеав да достигнам време кое е завидно за таа патека. Ова е патека на која настапувам првпат. Јас сум задоволен, а задоволен и е мојот инжизнер Мирослав Растовиќ со кога сме заедно тука. Целата екипа е пресреќна. Мошне позитивни се и рекациите во тимот на Хјундаи мотоспорт од кои добив искрени честитки. Најголема радост ми причини реакцијата на големиот Таргвини со кој си разменивме многу информации околу новиот автомобил“, истакна Стефановски.

Тој додава дека во текот на следните денови ќе се направи уште едно тестирање, најверојатно на сува подлога, со цел да се добијат детални поадтоци за новиот автомобил. Мојот тим веќе прави анализа со која би донеле одлула дали можеби токму овој автомобил би бил нашиот арсенал за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Празнични возбуда и големи добивки со Mozzart!

Време е за Новогодишен возбудлив турнир на Aviator, кој ветува дека ќе ве држи на работ од…