Дома Фудбал Англија Исфрлањето од тимот не била единствена казна за Роналдо

Исфрлањето од тимот не била единствена казна за Роналдо

Maнчестер Јунајтед вчера потврди дека Кристијано Роналдо нема да биде во составот за натпреварот против Челзи поради предвременото заминување од клупата во натпреварот против Тотенхем.

Португалецот си замина во соблекувалната и не го дочека крајот на натпреварот. Со тој потег Роналдо предизвика критики и најголемиот дел од фудбалската јавност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа последните информации од Островот говорат дека изоставувањето од тимот не е единствената казна за Роналдо.

Според информациите Роналдо ќе мора да се извини на соиграчите во соблекувалната, но и да плати еден милион фунти. Сумата е огромна, меѓутоа тоа е сума која Роналдо ја заработува за неполни три недели.

Инаку, Роналдо вчера по казната од Манчестер Јунајтед се огласи на социјалните мрежи (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Имаa единаесет порази по ред и само два бода во лигата. Јунајтед не успеа да ги победи

Во 19. коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед заврши нерешено 1:1 против Вулверхемптон…