Швајцарскиот независен институт за фудбалска статистика и истражување (CIES) анализираше кои клубови ги имаат најверните играчи.
Истражувањето се заосновало на годините кои играчите ги поминувале во сегашните клубови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лидер е актуелниот европски шампион Реал Мадрид. Играчите кои денес го носат дресот на овој клуб имат просек од 5.84 години, а најдолг стаж во Мадрид имаат Серхио Рамос, Марсело и Карим Бензема.
На второто место е големиот ривал на „кралевите“ од шпанското првенство – Барселона. Каталонците имаат просек од 5.36 години.
Потоа следуваат: Баерн Минхен (5.26), Викторија Плзен (4.28), Селтик (4.25), Атлетико Мадрид (4.17), Шахтјор (4.02), Тотенхем (3.89), Матезбург (3.86) и Атлетико Билбао (3.80).
Негативниот лидер во просек на годините кои сегашните играчи ги поминувале во клубот е хрватска Истре со просек од само 0.15.