Дома Македонски спорт ИСТОРИЈА: Дејан Георгиевски има сигурно сребро и ќе се бори за злато!

ИСТОРИЈА: Дејан Георгиевски има сигурно сребро и ќе се бори за злато!

Дејан Георгиевски во полуфиналето на Олимписките игри во Токио се бореше против Кореецот, Кин Дон Ин.

Во првата рунда Георгиевски покажа добра одбрана и како и против Гбане стартуваше претпазливо. Во таква ситуација Ин успеа да освои еден поен и првата рунда ја заврши со водство од 1:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првиот поен го освои како казна за противник, а веднаш потоа следуваше и серија од неколку удари за да поведе со 5:1. До крајот рундата Кореецот освои два поени, па во последната Георгиевски влезе со водство од 5:3.

Завршната Рунда Георгиевски одлично ја започна и на 40 секунди до крајот имаше предност од 10:4. Веќе тогаш можеше да се насети дека Георгиевски ќе обезбеди сигурен медал. До крајот успеа и да зголеми на 12:4, следуваа неколку изгубени поени, но најважно е што Георгиевски обезбеди финале!

Сега Македонија има сигурно сребро, а за златото во 14:45 часот Георгиевски ќе се бори против веројатно најдобриот во светот во овој момент во оваа категорија Владислав Ларин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…