Дома Фудбал Германија Историски момент: За првпат жена ќе седи на клупата Бундеслигата!

Историски момент: За првпат жена ќе седи на клупата Бундеслигата!

Mинатата сезона Унион Берлин беше хит во Бундеслигата, но сезонава не им оди, па тренерот Урс Фишер доби отказ.

Привремено тимот ќе го води Марко Гроте кој досега работеше со тимот до 19 години. Но, посебно привлекува внимание што за негов помошник е именувана Мари Луиз Ета.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Таа ќе ја има улогата на асистент-тренер и ќе стане првата жена што воопшто ќе седи на клупата во стручниот штаб на еден германски прволигаш.

Станува збор за поранешна професионална фудбалерка позната по семејното прзиме Багехорн кое го носеше додека не стапи во брак. Зад себе има успешна играчка кариера, а во 2010 година ја освои Лигата на шампионите so Потсдам, но ја заврши на 26 години, за сега шест години подоцна да испишува историја како тренер.

Тренерската кариера ја започна во 2019 година работејќи со женски екипи, летово се пресели во Унион Берлин како дел од стручниот штаб во тимот до 19 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…