Репрезентацијата на Македонија вчера во драматичен натпревар во Рејкавик однесе победа против Исланд од 33:34.
Овој натпревар против Исланд беше и прв на клупата за селекторот Данило Брестовац. Ова воопшто не беше лесна победа, а колкаво значење има покажува податокот дека претходно Македонија никогаш не го победила Исланд на гости.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До важниот триумф стигнавме со голот на Манасков во последната секунда.
После натпреварот интересна изјава даде бекот на Исланд, Арнор Гунарсон кој го пофали Стојанче Стоилов.
„На почетокот во првите десетина минути ги добивавме дуелите и имаа проблеми да не пробијат, но подоцна пронајдоа начин и се поставија во линија. Ги искористија сите дупки во нашата одбрана. Не можете да барате победа ако на домашен терен примите 34 гола, тоа не смее да ни се случува. Нивниот пикер кој има 140 килограми е навистина невозможно да се чува кога ја има топката во раце. Нашата слаба одбрана и тој не „решија“ вечерва“, изјави искусниот Гунарсон после натпреварот.
Исланд за само три дена (14-ти) април ќе гостува во Скопје.
Во овој момент после оваа победа Македонија и Исланд се првопласирани во групата со по четири освоени бодови додека потоа со по два бода следуваат репрезентациите на Турција и Грција.
Пласманот на Македонија на Европското првенство 2020 година после оваа победа не би требало да биде доведен во прашање.