Дома Фудбал Иско со последната објава јасно порача што мисли за неговиот третман во Реал

Иско со последната објава јасно порача што мисли за неговиот третман во Реал

Пораката е прилично јасна…

Нема мир во Реал откако поранешниот фудбалер на „Лос Бланкоси“ Рубен де ла Ред изјави дека секој мора да се бори за место во тимот и дека никој нема загарантиран статус на првотимец.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сега слична порака испрати и Иско на Твитер.

„Се сложувам со Рубен, но проблемот е кога не добивате иста шанса како сите останати фудбалери. Напред Мадрид“, напиша Иско на неговиот Твитер профил.

Јасно е Иско што сакаше да каже, тој смета дека Солари нема ист третман кон него како кон останатите играчи и дека не добива прилика да се покаже.

Низ шпанските медиуми може да се прочита дека Солари едноставно смета дека Шпанецот е предебел и неспремен, како и дека на тренинзите не покажува желба да се наметне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…