Судејќи според пишувањето на мадридскиот весник „АС“, Иско сигурно ќе си замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната.
Весникот тврди дека Иско донел конечна одлука и штом ќе заврши сезоната, подготвен е да ги спакува куферите и да го промени тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е тајна дека Иско е во лоши односи со тренерот Солари, па поради тоа го загуби првотинскиот статус и оваа сезона често ја грее клупата.
Сепак, без разлика дали Солари ќе остане на кормилото на „кралевите“ и следната сезона, Иско донел одлука да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.
Договорот на Иско со „кралскиот“ клуб истекува во 2022 година, но Реал нема да му стои на патот и е спремен да го продаде. Според шпанските медиуми „кралевите“ веќе ја одредиле цената и ќе го пуштат да замине за сума од 80 милиони евра.
„АС“ тврди дека во моментов има три европски гиганти кои се спремни да ја платат таа сума за шпанскиот плејмејкер.
Првиот е Јувентус кој веќе подолго време е заинтересиран за Иско и според тренерот Алегри токму таков креативец е тоа што му недостасува на тимот.
Интерес за Иско покажува и Пеп Гвардиола кој и во минатото се обидуваше да го донесе сонародникот во својот тим, а силна конкуренција ќе имаат и во Ливерпул кој исто така нема да жали пари за да го донесе Шпанецот на „Енфилд“.