Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер, откако постигна договор со „нероаѕурите“.
„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Антонио Конте инсистира Ериксен да пристигне веднаш, па двата клуба наскоро ќе седнат на преговори, а Интер веќе ја испратил првата понуда.
„Нероаѕурите“ понудиле 10 милиони евра со оглед на фактот дека договорот на Данецот завршува на крајот на сезоната, додека „спарси“ за слободата бараат 20 милиони евра.
Тотенхем е во незавидна позиција бидејќи може да го загуби играчот без пари, па се очекува двете страни наскоро да постигнат договор.