Откако пропаднаа преговорите за Ромелу Лукаку, Интер е во потрага по нов напаѓач, а најголема желба е Алваро Мората.
Откако пропадна трансферот на Лукаку, сега „нероаѕурите“ се насочуваат кон шпанскиот репрезентативец и сакаат да го доведат на „Џузепе Меаца“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мората е искусен напаѓач кој го познава италијанскиот фудбал и на двапати го носеше дресот на Јувентус.
Шпанецот сака да се врати во Италија и ги одбил сите други понуди, а Интер веќе почнал преговори со неговиот агент.
Со оглед на фактот дека Мората влезе во последната година од договорот, во Интер веруваат дека ќе можат да го доведат за 15 милиони евра.