Дома Фудбал Италија Интер постави нов рекорд

Интер постави нов рекорд

Интер под водство на Антонио Конте одлично ја отвори новата сезона во Серија А, а единствениот кикс на Нероаѕурите во досегашниот дел од сезоната претставува ремито со Славија Прага во 1. коло од групната фаза во ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер не беше лош и претходната сезона, избори пласман во ЛШ, но уште подобро поминале кога се во прашање финансиите и профитот.

Имено, Нероаѕурите денеска објавија дека клубот претходната сезона остварил заработка од 415 милиони евра, што претставува нов рекорд. Оваа заработка претставува пораст од 20% во однос на сезона 2017/18, кога Интер инкасираше 346 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците напорно работеле да измислат нови начини на акумулирање профит бидејќи тоа на клубот му помага да ги реши обврските кон финансискиот фер-плеј.

Најголемиот дел од заработката стигна благодарение на пласманот во ЛШ, но и зголемените средства кои пристигнуваат во клубот од спонзорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФФМ ги објави суспензиите по дербито Вардар – Шкендија: Торес пет, Мељичи три меча!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за са…