Дома Трансфер зона Интер победи во трката за Караско, но и Милан најде одлично решение

Интер победи во трката за Караско, но и Милан најде одлично решение

carasco

Белгијскиот репрезентативец Караско повеќе од сигурно до крајот на месецот ќе го напушти кинески Далијан и ќе се врати во Европа.

Караско минатата зима ги изненади сите кога го напушти Атлетико и замина во Кина, но после само една година сфатил дека тоа е грешка. Белгијанецот очајнички сака да се врати во Европа, а на маса има неколку интересни понуди.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според пишувањата на медиумите најсериозен е Интер кој веќе неколку дена е во контакт со Караско, а прсти за момент замеша и градскиот ривал Милан. Но, според Газета дело Спорт, Росонерите се откажале од Караско и со сигурност тој ќе се пресели во редовите на Интер.

Во спротивен правец би можел да замине Антонио Кандрева кој не се изнаигра оваа сезона. Што се однесува до Милан, тие се откажаа од Караско бидејќи сака на Сан Сиро да го донесе Деулофеу од Ватфорд.

Поранешниот играч на Барселона играше во Милан во 2017. година на шестмесечна позајмица. Во Ватфорд не му оди најдобро и англискиот клуб е спремен да го продаде на Милан за 25 милиони евра, додека Росонерите се надеваат на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Копа Америка воведе дополнителна замена во посебна ситуација

Претставниците на Копа Америка следниот месец ќе имаат можност за дополнителни замени во с…