Интер под водство на Антонио Конте игра одлично оваа сезона и рамноправно се бори за Јувентус за Скудетото.
Меѓутоа, тренерот Антонио Конте јавно изјави дека има лимитиран тим и дека очекува засилувања во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета за нападот е Оливие Жиру, но раководството работи и на други трансфери, па медиумите пренесуваат дека директорот Марота отпатувал во Париз на состанок со ПСЖ.
Мета е левиот бек Курзава, кој оваа сезона ја дели минутажата со Бернат. Договорот на поранешниот фудбалер на Монако истекува на крајот на сезоната, па „нероаѕурите“ сакаат да ја искористат ситуацијата и да го доведат за симболична сума на „Џузепе Меаца“.