Антонио Конте инсистира да му биде доведен Артуро Видал до крајот на месецот бидејќи смета дека Чилеанецот може да биде „клуч“ за освојување на Скудетото.
Раководството на Интер денес ја зголеми понудата за да го добие потписот на Видал. „Нероаѕурите“ на Барселона и нудат 3 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната и опција да го откупат договорот на лето за додатни 15 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците пак продолжуваат да бараат 20 милиони евра за слободата на Чилеанецот и не сакаат да го пуштат играчот на позајмица.
Самиот Видал инсистира да се врати во Италија и повторно да соработува со Конте, бидејќи во Барселона не добива голема минутажа.
Many thanks to all the ?????? who were with us at the #SupercopaBarça ?❤️ pic.twitter.com/l0mA8LEU7a
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 10, 2020