Откако стана јасно дека Милан Скриниар нема да го продолжи договорот, раководството на Интер ја започна потрагата по негова замена.
Договорот на Скриниар истекува на крајот на сезоната, а Интер сака да го продаде до крајот на јануари, за да заработи на неговото заминување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва мета на „нероаѕурите“ е капитенот на ПСЖ, Приснел Кимпембе, кој оваа сезона добива мала минута.
Со доаѓањето на Скриниар во ПСЖ неговата минутажа додатно ќе се намали, па Французнот е спремен да ја промени средината.
Вредноста на 27-годишниот дефанзивец во моментов е околу 40 милиони евра,а Интер е спремен за неговиот потпис да понуди 30 милиони евра плус бонуси.