Тренерот на Интер, Антонио Конте е силно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Челзи и шпански репрезентативец Маркос Алонсо.
„Нероаѕурите“ уште во јануари беа заинтересирани за Шпанецот и внимателно ја следат неговата ситуација во Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Левиот бек блескаше под водство на Италијанецот во Челзи и е идеален за неговиот стил на игра 3-5-2, па поради тоа Интер ќе се обиде да му ја исполни желбата.
Оваа сезона Алонсо не е прв избор кај Лампард, па наводно „сините“ се спремни да го пуштат, но за неговата слобода бараат 30 милиони евра.
Интер ќе се обиде да го донесе на позајмица со задолжителен откуп следното лето за 20 милиони евра.