Според она што го пренесуваат медиумите во Франција ПСЖ ќе го стави Мауро Икарди на продажба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што се најавува Аргентинецот ќе може да замине доколку пристигне понуда вредна помеѓу 35 и 40 милиони евра. Пред две години Интер одлучи да се раздели од Икарди иако во тоа време Аргентинецот беше прва ѕвезда и капитен на тимот.
Главната причина поради која „нероаѕурите“ сакаа да се ослободат од него беше неговиот карактер.
Денешното издание на „Л’Eкип“ пренесува дека Икарди нема иднина и во ПСЖ, сезонава тој игра далеку под очекувањата, често беше и повреден. Проблем е и неговиот начин на живот, голгетерот сака да ужива во добра форма па често пати има и проблем со килограмите.