Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Изјавата на Меси пред Хрватска ја изненади аргентинската јавност

Изјавата на Меси пред Хрватска ја изненади аргентинската јавност

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лео Меси одигра слаб натпревар против Исланд и уште еднаш се потврди дека никако не му одговара притисокот кој му го прават аргентинските медиуми.

Меси против Исланд помеѓу останатото промаши и пенал, а пред вториот натпревар на Првенството, против Хрватска, имаше чудна изјава.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Против Исланд изгледавме добро во дефанзива.“ – кратко прокоментира Меси на новинарите пред натпреварот против Хрватите.

Аргентинските медиуми оваа изјава посебно ја анализираа, бидејќи сметаат дека неговата репрезентација токму во дефанзивата изгледаше лошо.

Да потсетиме, Аргентинците ќе бидат во незавидна ситуација доколку изгубат од Хрватска и ќе се соочат со испаѓање уште во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, постигна договор со Баерн Минхен за личните услови, екс…