Иако преодниот рок заврши пред два дена, сепак слободните играчи сеуште можат да потпишат за некој клуб, а еден таков е и Мартин Касерес.
Милан се соочува со пороблеми на бековските позиции бидејќи во моментов надвор поради повреда се Де Шиљо, Калабрија и Антонели.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Поради тоа „росонерите“ се одлучија да го ангажираат Мартин Касерес до крајот на сезоната и веќе ги закажале медицинските прегледи, пренесуваат италијанките медиуми.
Касерес е без клуб откако минатото лето си замина од Јувентус како слободен играч, па може слободно да потпише за Милан.
Уругваецот утре ќе пристигне во Милано на медицински прегледи и доколку се биде во ред ќе потпише договор со „росонерите“ до крајот на сезоната.