Дома Топ вести Изненадувањето на денот: Џирона во натпревар со четири гола остана непоразена на „Ноу Камп“ (ВИДЕО)

Изненадувањето на денот: Џирона во натпревар со четири гола остана непоразена на „Ноу Камп“ (ВИДЕО)

Тимот на Џирона вечерва направи изненадување и остана непоразена на гостувањето кај Барселона на „Ноу Камп“.

Возбудливо беше вечерва во Барселона каде што домаќинот ја пречека Џирона и на крајот гостите успеаа да стигнат до бод одигрувајќи 2:2.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Натпреварот започна добро за Барса без најава за нешто неочекувано, Лео Меси постигна гол во 19-тата минута после додавањето од Видал.

Проблемите за Барселона започнаа во 35-тата минута кога дефанзивецот Легле заработи црвен картон, а гостите десет минути подоцна стигнаа до изедначување со голот на Стуани.

Истиот фудбалер донесе „студен туш“ на „Ноу Камп“ во 51 минута кога Џирона стигна до водство.

Конечните 2:2 ги постави Пике во 63-тата минута.

После ова повеќе нема екипи со максимален ефект во Шпанија и Барселона и Реал Мадрид сега имаат ист број на бодови, по 13.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…