Хрватскиот репрезентативец Дарио Срна после цели 15 години го напушти Шахтјор, а кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Иако изминатите денови се појави информација дека Хрватот кариерата ќе ја продолжи во Грција, сепак од Апенините пристигнуваат други информации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека Срна пристигнал на Сардинија и дека наскоро ќе потпише едногодишен договор со Каљари.
Срна 15 години го носеше дресот на Шахтјор и освои 10 шампински титули, а ова лето му заврши договорот со украинскиот клуб и моментално е слободен агент.
Каљари минатата сезона заврши на 16-то место во Серија А, па Срна сигурно ќе биде големо засилување за тимот од Сардинија.