Според медиуми од Франција се е завршено.
Судејќи според се, Лукаш Моура е нов фудбалер на Пекинг Гуан. Тој наводно денес завршил и медицинските тестови по што ќе стави договор со кинескиот клуб, пренесуваат медиумите во Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наредниот месец тој ќе стави потпис на договорот со Кинезите, а интересно е што овој фудбалер беше мета на Челзи, но Англичаните очигледно понудиле помала сума.
ПСЖ уште пред неколку дена им даде дозвла на Бен Арфа и Моура да преговараат со заинтересираните клубови.
Моура има 25 години, освен за ПСЖ настапуваше и за Сао Паоло, а од 2013 година го носи дресот на клубот од Париз.
Оваа сезона одигра само пет натпревари.